Иако кај многу животински видови мажјаците играат важна улога во одгледувањето на потомството, овие пет супертатквоци ја подигнаа границата доста високо.
Кои се најдобрите татковци во светот на животните?
Морски коњ
Најдобрите татковци во светот на животните можат да се пофалат со многу работи, но само неколку од нив можат да носат бременост. Имено, морските коњи се меѓу ретките животински видови кај кои мажјаците го носат нероденото потомство.
Мажјаците во нив носат јајца, произведени од женката. Трудниот татко може да ја регулира соленоста на водата во кожурецот. На тој начин го подготвува потомството за живот во морето. Бременоста трае од 10 до 25 дена, во зависност од видот на морското коњче.
Златен лав тамарин
Не станува збор за вистински лавови, туку за мали мајмуни. Овие тамарини се нарекуваат и „златни мармосети“. Големи се колку верверица, имаат грива на главата, а природно живеалиште им се прашумите во Бразил, Аргентина и Парагвај.
Фото: Freepik
Раѓањето на близнаци е честа појава кај овој вид, а татковците се многу активни во одгледување на потомството. Таткото го носи младенчето на грб, додека не наполни неколку месеци. Ова ѝ ја олеснува работата на мајката.
Розов фламинго
Фламингото е убава и голема птица. Овој вид живее на устието на реките, покрај езерата и мочуриштат. Мажјаците се претежно моногмани, а со ежнките подеднакво ги делат сите должности поврзани со грижата за потомството. Заедно градат гнездо и лежат на јајцата во смени.
По испилувањето, и двајцата родители ги храна птиците. Тие во нивниот дигестивен систем имаат посебни жлезди од кои се излачува „млеко“, односно исклучително хранлива течност, која за птиците од некои видови ја има истата функција како вистинското млеко за младенчињата од цицачите. Со овој секрет, кој е богат со протеини, масти и други корисни материи, родителите ги хранат нивните младенчиња околу еден месец, додека не станат способни самостојно да најдат храна.
Африканска бик-жаба
Африканската бик-жаба е една од најголемите жаби во светот. Се храни со мали глодари, змии, птици, други жаби, а понекогаш и со членови на сопствениот вид. Мажјаците се големи, силни и агресивни. Сепак, тие се многу грижливи татковци. Женката снесува јајца во мали, оградени езерца, покрај поголема водена површина.
По оплодувањето, мажјакот ги чува овие јајца, а подоцна и полноглавците кои излегуваат од нив. Кога овој мал базен станува премал за многу потомци, а исто така и поради опасноста да се исуши, таткото-жаба со своето силно тело копа канал низ калта и на тој начин им го отвора патот на полноглавците до некои поголеми водни светови.
Царски пингвин
Без сомнение, машкиот царски пингвин е вистински супертатко. По копулацијата (парењето), женката снесува едно јајце. Веднаш му го предава на мажјакот. Тој јајцето го чува на стапалата и го штити од ледениот студ со неговото крзно.
Крзното му служи како многу топло ќебе над јајцата, а подоцна и врз малото пингвинче. Откако ќе му го предаде јајцето на мажјакот, заедно со другите женки, мајката ќе оди на море, на лов и нема да се врати во следните два месеци. Мажјакот нема да јаде ништо во тоа време, внимателно чувајќи ја и загревајќи ја птицата.