Научниците од Сибир дошле до извонредно откритие: фосилизирани остатоци од ждребе од изумрениот вид палеолитичен коњ, во речиси совршена состојба.
Ископано од мразот во кратерот Батагаика во Сибир, таканаречен „Вратата кон подземјето“, ждребето е толку убаво сочувано, што изгледа како да спие. Палеолитичниот коњ изумрел одамна - пред околу 30.000 - 40.000 години, за време на Горниот палеолит.
Откриено од страна на локалните жители, ждребето било ископано од научници од Јапонија и Русија и однесено во Музејот за мамути во Северо-источниот федерален универзитет во Јакутск.
Фото: (Michil Yakoklev/North-Eastern Federal University)
-Ова е прво откритие во светот поврзано со праисториски коњ на толку млада возраст, толку неверојатно зачувано - изјави шефот на лабораторијата на музејот, Семјон Григорјев.
Ждребето било на возраст од само 2 до 3 месеци кога умрело. Неговото темно-кафеаво крзно, гривата, опашката и копитата се непроменети. Дури и неговите внатрешни органи биле сочувани благодарение на вечниот мраз, слој на земјата што е постојано под температурата на замрзнување.
Според истражувачите, видот е генетски различен од оние што сега живеат во регионот Јакутија.
Фото: (Michil Yakoklev/North-Eastern Federal University)
Истражувачите зеле примероци од косата, течните биолошки течности и почвата каде што било пронајдено ждребето, за да спроведат подетални тестови, вклучувајќи и целосна аутопсија за да се утврди како тоа починало. Интересно е тоа што по телото на ждребето немало видливи рани.
-Експертите кои учествуваа во експедицијата претпоставуваат дека ждребето се удавило, веројатно паѓајќи во некоја природна стапица - објаснува Григориј Савинов од Северо-источниот федерален универзитет.
Освен утврдувањето на причината за смрт, аутопсијата на научниците ќе им покаже за тоа како живеело ждребето. Тие планираат да ја анализираат содржината на стомакот за да дознаат што јадело.
Фото: (Michil Yakoklev/North-Eastern Federal University)
Вечниот сјај е извонреден ресурс за откривање на тоа каков бил животот во леденото доба, како длабок замрзнувач што чва слики од минатото. Претходно оваа година, научниците во
Сибир откриле праисториско младенче од лав, во неверојатно зачувана состојба. Лавчето било толку мало што уште немало заби.