X
 25.10.2018 Живот

Најдобрите извршни директори за 2018 година според „Харвард бизнис“

Додека компаниите се дефинирани од работата на нивниот персонал, сите тие имаат потреба од лидер да дејствува како лице на бизнисот, кој ја обликува корпоративната стратегија. Токму ова е улогата на извршниот директор.

„Харвард бизнис ривју“ оваа недела ја откри својата листа со најдобрите извршни директори за 2018 година во светот. Втора година по ред Пабло Исла, извршен директор на „Индитекс“, модниот гигант зад брендовите Зара, Масимо Дути и Пул енд Бер, го освои првото место.

Рангирањето е спроведено преку анализа на клучни финансиски варијабли, но и животната средина, општествената ситуација и лидерството. Некои примери вклучувале и колку опасен отпад компанијата произведува и разновидноста на компанијата.

Овие четири варијабли потоа се комбинираат за да дадат резултат што помага да се идентификува колку добри перформанси има компанијата и како резултат на тоа, колку е добар извршниот директор.

Ова се најдобрите 10 извршни директори.

10. Мартин Бујига, „Бујига“

10
Фото: Reuters

Сектор: индустриски
Извршен директор од: 1989 година
Земја: Франција

9. Хисаши Летсугу, „Сусмекс“

9
Фото: Sysmex


Сектор: здравство
Извршен директор од: 1996 година
Земја: Јапонија

8. Јохан Тиџис, „Кеј-би-си“

8
Фото: Reuters


Сектор: банкарство
Извршен директор од: 2012 година
Земја: Белгија

7. Жак Ашенброик, „Валео“

7
Фото: Reuters


Сектор: автомобилска индустрија
Извршен директор од: 2009 година
Земја: Франција

6. Марк Бениоф, „Сејлсфорс“

6
Фото: Getty Images


Сектор: информациска технологија
Извршен директор од: 2001 година
Земја: САД

5. Елмар Дегенхарт, „Континентал“

5
Фото: Reuters


Сектор: автомобилска индустрија
Извршен директор од: 2009 година
Земја: Германија

4. Франсоа-Анри Пино, „Керинг“

4
Фото: АР


Сектор: луксузни добра
Извршен директор од: 2005 година
Земја: Франција

3. Бернард Арнолт, „ЛВМХ“

3
Фото: АР


Сектор: луксузни добра
Извршен директор од: 1989 година
Земја: Франција

2. Џенсен Хуанг, „Нвидиа“

2
Фото: Getty Images


Сектор: информациска технологија
Извршен директор од: 1993 година
Земја: САД

1. Пабло Исла, „Индитекс“

1
Фото: Reuters


Сектор: малопродажба
Извршен директор од: 2005 година
Земја: Шпанија

Целосната листа на „Харвард бизнис“ можете да ја погледнете ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот