X
 25.11.2015 Образование

Ранко Рајовиќ: Детето што на час лута со мислите не е недисциплинирано, туку надарено

Сведоци сме дека наставниците понекогаш погрешно постапуваат, затоа што не знаат што е физиолошко однесување на надарените деца. Тие често со мислите се отсутни, затоа што начинот на предавања (линеарно и често досадно давање информации), не одговара на брзината на нивното размислување. Физиолошки гледано, највисоко ниво на работата на мозокот е асоцијативното размислување, а тоа ретко се користи во репродуктивниот систем на образование.

Има многу примери кога учителите не го препознаваат надареното дете, а според истражувањето кое го работела проф. М. Јуришевиќ од Љубљана, наставниците не препознаваат дури 30 отсто од своите надарени деца. Не е познато во што е проблемот и зошто тие деца остануваат непрепознаени, но има претпоставки дека тие не можат да ги покажат своите квалитети во репродуктивниот систем на учење.

Таквите деца често мислат со асоцијација, па кога учителот нешто ќе каже, ученикот тука препознава нешто смешно и сака ги насмее пријателите, но често заради тоа е укоруван или казнет. Или пак, се случува ученикот да одлута со мислите иако внимателно ја слуша наставничката. Но, во еден момент почнува да мисли на нешто друго. Учителката тоа го забележува и бара детето да го повтори тоа што таа го зборувала, иако знае дека нема да добие одговор.

Некои наставници тоа го прават, па дури и ги казнуваат децата, но мораат да знаат дека лутањето со мислите не е никаква недисциплина, туку детето се концентрира на нешто друго што му е поинтересно. Затоа работа на наставникот е децата да ги доведе на повисоко ниво, лекцијата и учењето да бидат низ игра и тогаш учениците полесно ќе ја следат наставата и ќе го научат она што од нив го очекуваме.

Една метода е преобразување на лекцијата во трик-прашања. На пример, од лекцијата за кенгурот во која бебето кенгур е долго 2,5 см, учениците да направат прашање - што е тоа што може да го собере во дланка и што секогаш се носи во торба? Децата притоа мислат дека дошле на квиз, си играат, размислуваат, поврзуваат и смислуваат прашања и на тој начин полесно ја учат лекцијата.

Автор: Ранко Рајовиќ
Преземено од zelenaucionica.com

Поврзана информација: Д-Р РАНКО РАЈОВИЌ: РОДИТЕЛИ, РАЗБУДЕТЕ СЕ, ГРЕШКИТЕ ТЕШКО СЕ ПОПРАВААТ!
Подготвил: Антонија Поповска Христов / antonija@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование