X
 25.12.2018 Здравје

Експертите препорачуваат: Не избегнувајте ја вагата за празниците

Британски професори сметаат дека мерењето на вага двапати седмично како навика за време на божиќните празници не само што придонесува да не ги зголемите килограмите, туку може и да ослабнете, објави „Дејли мејл“.

Истражувањето на универзитетите на Бирмингем и Лафброу опфатило 270 доброволци, главно жени на просечна возраст од 44 години. Тие биле поделени во две групи, при што на првите им препорачале правила за одржување на линијата, а другите ги оставиле да продолжат со вообичаената рутина.

Кај вторите е забележано зголемување на тежината, а првите ослабнале.

За празниците, луѓето може да внесат дури 6.000 калории на ден, трипати повеќе од дозволеното.

Стручните препораки за испитаниците опфаќале и пешачење и трчање, со цел согорување на калориите. На пример, по испиена чаша греано вино требало да пешачат 33 минути; 100 грама печени компири се трошат со 27 минути пеш или 14 минути трчање…

Натаму, се препорачува исхрана во точно одредено време, без разлика дали тоа ќе биде два или петпати дневно, да се избира храна со помалку масти, да не се заборави движењето - барем 60 до 90 минути умерено пешачење дневно.

Би било корисно и да не се преполнуваат чиниите, да се внесува повеќе зеленчук, а да се намалат алкохолот и соковите.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје