Американскиот политичар Рон Пол предупреди дека падот на берзата оваа година би можел да биде најава за епски колапс на економијата.
Тој колапс би можел да се случи порано отколку што очекуваат инвеститорите. Според зборовите на поранешниот републикански претседателски кандидат, берзите ќе стануваат сè поранливи. Ако дојде до стопирање на растот на акциите, се очекува многумина излезот да го побараат во распродажба на акциите, што би можело да доведе до најголем стопански и економски крах во историјата.
Таков крах имало во 1929 година.
Овој пат причината, според Пол, е непроменетата политика на Централната банка на САД, која ја предизвикала големата економска криза во 2008
година.