X
 18.09.2023 Живот

Ова се десетте најмоќни држави во светот во 2023 година

Според податоците на „Ју-ес њуз & ворлд рипорт“, годинава на листата со најсилни земји во светот на прво место се најдоа САД, а зад нив се Кина и Русија.

Анкетата, која е дел од студијата „Најдобри земји“, праша 17.000 луѓе за нивните размислувања за 87 различни нации.

Имено, рангирањето го оценува влијанието на една земја врз основа на перцепцијата на испитаниците за факторите како што се политичката, економската и воената моќ.

На 4. место се најде Германија, а потоа следуваат Обединетото Кралство, Јужна Кореја, Франција, Јапонија, Саудиска Арабија и ОАЕ.

САД доминираат во технологијата, Кина има брз раст, но и проблем со загадувањето. Германија, иако е најнаселена земја во ЕУ, има висок процент на старо население. Јужна Кореја има силна војска, а Франција има туризам и извоз на оружје.

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот