X
 26.06.2018 Култура

Бенкси го „вандализира“ Париз - графити со моќна и важна порака

На 20 јуни Бенкси го одбележа Светскиот ден на бегалците во еден од современите главни градови, Париз. Обраќајќи ѝ се на кампањата на претседателот Емануел Макрон, која вели дека треба да се отстранат мигрантите од улиците на Франција и од шумите, уличниот уметник ги сподели своите ставови за актуелната политичка ситуација во земјата.

Првото дело отсликува девојче што црта над знакот свастика користејќи розова викторијанска шема. Дефинитивно изгледа како референца за делото на уметникот од 2008 година наречено „Go Flock Yourself“. Муралот ги критикува мигрантските политики на навидум фашистичката француска влада. Девојчето било пронајдено близу метро-станицата Порте де ла Шапел, локација на официјалниот центар за бегалци во Париз.

Вториот мурал е интерпретација на Бенкси на иконската слика „Наполеон ги преминува Алпите“. Луѓето сметаат дека графитот го исмејува претседателот Макрон, кој слепо ја води земјата.

Третиот графит прикажува човек како му дава коска на куче без нозе. Некои велат дека ова е метафора за политичарите што ги мамат масите со нивните маскирани агенди.

Banksy these guys actually don’t like the streetart tourism...

A post shared by Street Comix (@ewajaski) on


Последните три дела вклучуваат стаорци кои ја претставуваат работничката класа и начинот на кој обичните луѓе можат да направат огромна разлика кога работат заедно.

- Бојата, линиите, предметот и начинот на кој ги адаптирал сликите од фотографиите укажуваат на стилот на Бенкси во текот на првата деценија на 21 век. Постои посебен потпис - вели уметничкиот историчар и експерт за улична уметност, Пол Арден.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура