X
 26.07.2018 Живот

Британски супермаркет им го олеснува купувањето на аутистите

Британскиот синџир на супермаркети „Морисонс“ воведува саботен „тивок час“ со цел да им се олесни пазарењето на луѓето со аутизам.

Потегот на супермаркет, кој почна во саботата и трае од 9 до 10 часот наутро, беше поздравен од Националното здружение за аутизам, кое вели дека дури и малите промени можат да направат голема разлика во животот на лицата со аутизам и нивните семејства.

Лицата со аутизам го гледаат, слушаат и го чувствуваат светот поинаку од другите луѓе, најчесто на поинтензивен начин. Тоа е голем проблем кога треба да влезат во супермаркет.

Аутизмот е доживотна состојба која влијае врз тоа како луѓето комуницираат и се однесуваат со другите и како го доживуваат светот околу нив. Повеќе од 60 проценти од луѓето со аутизам избегнуваат продавници, а 79 проценти велат дека се чувствуваат социјално изолирани.

Напорите на „Морисонс“ се дел од кампањата „Премногу информации“. Минатата година повеќе од 5.000 трговци низ цела Британија учествуваа во „Часот за аутизам“, па општеството се надева дека ќе ја прошири иницијативата.

- Слушајќи ги купувачите, откривме дека еден од пет имал пријател или член во семејството со аутизам и на многумина им се допадна идејата - напишаа од „Морисонс“ на својата веб-страница.

Подготвил: Т.Ц.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот