Разговараме со Наташа Ставревска, маркетинг-специјалист во А1 Македонија и воедно предавач на првиот модул Digital Marketing.
А1 Македонија под мотото „За подобар свет“ ја лансира академијата за дигитални вештини “A1 Academy”. Академијата е дизајнирана за млади од 18 до 25 години кои сакаат да стекнат нови знаења во областа на Digital marketing, Business analytics или Digital entrepreneurship/emerging technologies.
На 18 октомври официјално започнува „A1 Academy” и првиот модул за дигитален маркетинг. Како еден од предавачите на академијата, објаснете ни зошто младите треба да се пријават и да бидат дел од неа?
- Дигиталниот маркетинг е една од најпопуларните професии. Возбудлива, креативна и никогаш досадна професија што секојдневно се менува и бара постојано следење на новите трендови.
Академијата за дигитален маркетинг на A1 Academy ќе им овозможи на сите учесници влез во светот на маркетингот, каде што ќе имаат можност да ја развијат и истакнат својата креативност.
Кој може да се пријави и да биде дел од „A1 Academy”, дали е потребно предзнаење?
- За учество во академијата не е потребно претходно познавање во областа на дигиталниот маркетинг. Може да се пријави секој што има желба да го прошири своето знаење, а ние со нашето искуство ќе им помогнеме на сите учесници да се стекнат со најсовремените дигитални вештини.
Кои вештини ќе ги стекнат учесниците по завршување на курсот за дигитален маркетинг?
- Пред сѐ, учесниците ќе ја сфатат суштината на маркетингот. Ќе поминат низ најразлични модули, како Content marketing, Facebook Ads Manager, SEO, Google Ads, Email marketing, Wordpress и др. и ќе научат како правилно да ги користат дигиталните алатки за да стигнат до правилната публика, со правилна порака, во право време и на право место.
Кој е твојот совет за идните учесници на академијата?
- Правило број 1 – Нема погрешно прашање! Прашувајте сѐ што ве интересира за време на предавањата. Сѐ што треба да понесете со вас е позитивна енергија и желба за учење, а ние ви ветуваме одлична дружба и забавно учење.
(Комерцијална објава)