X
 26.09.2023 Живот

Кога отпадот станува уметност - уникатни рециклирани ламби со јубилејното лого на ПроКредит банка

Во согласност со кампањата по повод 20 години постоење на македонскиот пазар, ПроКредит банка го најавува проектот „Рециклирани ламби“, кој е во насока на заложбите за градење на културата на штедење и повторна употреба на предмети како начин на живеење.

Идејата на проектот „Рециклирани ламби“ е поттикнување на вработените да рециклираат предмети од нивниот секојдневен живот кои повеќе не им се потребни, давајќи им втор живот преку рециклирање. Целта е вработените во ПроКредит банка со заеднички сили да учествуваат во создавањето креативни уметнички дела, кои не само што се од корист на животната околина, туку служат и како уникатен подарок со приказна за нивните клиенти. Со оваа иницијатива се дава поддршка на локалниот уметник Христо Бојаџиев, кој изработува столни ламби од рециклиран материјал.



Од отпад до уметничко дело - втор живот на старите предмети

Уметникот Христо Бојаџиев, инженер по електротехника од Битола, по пензионирањето се посвети на изработката на столни ламби од рециклирани материјали под брендот 2nd cycle и досега има изработено околу 500 ламби и 150 тегли.

Креативниот процес на Христо е секогаш различен, а светилки се направени од широк спектар на пронајдени предмети, почнувајќи од стаклени и пластични шишиња, тегли и вазни до скршени лустери, секакви капачиња, цедиња, делови од велосипеди, па дури и делови од музички инструменти. Тој ги трансформира овие навидум безначајни предмети во украсни предмети, давајќи им втор живот на неупотребливите предмети.

 
Секоја светилка е уникатна бидејќи уметникот бара совршена комбинација и поставеност на секој пронајден предмет. Изработката е целосно рачна и според авторот Бојаџиев, задоволството при изработка е многу повредно од комерцијалната вредност на изработеното дело.

Плод на соработката со уметникот Христо Бојаџиев се повеќе од 50 ламби изработени од рециклирани предмети собрани од вработените во ПроКредит банка, кои ќе бидат подарени на клиенти и соработници на банката.



Со проектот „Рециклирани ламби“, ПроКредит банка ја препознава важноста од намалување на отпадот, зачувување на нашата животна средина и поддршка на локалните уметници, и уште еднаш преку пример покажа дека со прифаќање на концептот за рециклирање и повторна употреба, можеме да го редефинираме нашиот однос со предметите и да поттикнеме поодржлива иднина.



(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот