X
 07.02.2023 Живот

Дојави за бомби во 33 основни училишта во Скопје

Во 33 основни училишта во Скопје денеска има дојави за поставени експлозивни направи.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки.

- Денеска околу 12:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на 33 основни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот - велат од МВР.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот