Иако околината често ги перципира солзите како знак на слабост, тие се сосема нормални.
Невронаучникот и автор на книгата „Плачење: Мистерија на солзите“, Вилијам Фреј од Минесота, минал 15 години проучувајќи го дејството што го има плачењето врз
луѓето.
Истражувањата покажале дека:
-85% од жените и 73% од мажите се чувствуваат подобро и помалку лути по плачење;
-во просек, жена плаче 47 пати годишно, а маж 7;
-плачењето трае околу 6 минути;
-солзи најчесто течат меѓу 7 и 10 часот изутрина.
Помалку стрес
Насобирањето на стресот може да предизвика заболувања на срцето и мозокот, па плачењето се смета за вештина за преживување на луѓето.
Го намалува крвниот притисок
Плачењето се покажало како одличен регулатор на крвниот притисок и правилните отчукувања на срцето. Подобрувањето ќе го забележите веднаш.
Солзите нѐ чистат од токсини
Лекарот тврди дека солзите навистина ги отстрануваат токсините од организмот - хемикалиите што се насобираат поради емоционален стрес.
Плачењето открива дека сте човек
Иако очите на животните се влажни и заштитени со солзи, само луѓето можат да плачат кога се под влијание на емоции. Идниот пат кога ќе ви се плаче, слободно пуштете солза, добро исплачете се бидејќи и вие сте човек.