X
 27.03.2017 Култура

Експертите откриваат кој психопат од филмовите е најреален

Психопатите во холивудските филмови се доста барани - тие нè плашат и интригираат. Но, колку се тие реални, односно колкави се шансите ваквите психопати да постојат во реалниот живот? 

Психијатрите во 2013 година одлучиле да побараат кои измислени ликови би биле најреални, па анализирале повеќе од 400 филмови.

Проектот на гледање на филмови и нивна анализа траел цели три години, а после тоа десе експерти избрале 126 фиктивни ликови. После темелна анализа, за најреален бил избран Антон Чигуриш од филмот „No Country For Old Men“.


Фото: Wikipedia

„Се чини дека тој не познава никаква емоција, нема никаков вид на човештина во него и како таков е неранлив“, велат белгиските психијатри.

Останатите ликови биле оценети како неуверливи, бидејќи се смета дека нивното однесување е премногу екстремно. Имено, освен што психопатите се склони кон насилство, тие во реалниот живот се многу посуптилни, а тоа и не е баш карактеристика пожелна за на филм. Затоа, познатиот Ханибал Лектор не влегол ниту во потесниот избор.

Лектор е исклучително интелигентен и софистициран, а неговата харизма и хумор ја кријат неговата вистинска природа. Сето ова наведено не е комбинација која би можела да се пронајде кај вистинските психопати. Освен тоа, истражувачите додаваат дека тој е лош пример за психијатрите со оглед на неговата нереалност со дијагностицирањето на внатрешниот психолошки конфликт на Кларис Стерлинг преку нејзиниот парфем и чевлите што ги носи.

„Тоа се способности на Шерлок Холмс, и за нив нема место во секојдневната клиничка пракса“, заклучуваат експертите.

Ниту Норман Бејтс од „Psycho“ не успеал да ги измами психијатрите кои за него заклучиле дека е премногу психотичен за да биде вистински лик. Помеѓу реалните психопати го ставиле и Гордон Геко, арогантниот банкар вечно жеден за пари од филмот „Wall Street“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура