БДП по жител, изразен во стандардите за куповна моќ, во 2022 година во Европа се движеше од 41 отсто под ЕУ-просекот до 161 отсто над ЕУ-просекот. Најнизок беше во Бугарија, а највисок во Луксембург.
Податоците покажуваат значителни разлики меѓу ЕУ-членките во БДП по глава на жител, објави „Евростат“. Највисоки нивоа меѓу 27. земји членки во 2022 година постигнаа Луксембург и Ирска, надминувајќи го просекот на ЕУ за 161, односно 134 отсто.
Данска имаше 36 отсто над просекот, Холандија 30 отсто над просекот, Австрија 25 отсто над просекот, Белгија 21 отсто над просекот, Шведска 19 отсто над просекот и Германија 17 отсто над просекот.
Според статистичарите, високите бројки во Луксембург се поради тоа што голем број странци се вработени во земјата и на тој начин придонесуваат за нејзиниот БДП, но не се жители на оваа земја и нивната потрошувачка е евидентирана на националните сметки на земјите каде што имаат постојан престој.
Високото ниво на БДП по глава на жител во Ирска може делумно да се објасни со присуството на големи мултинационални фирми за интелектуална сопственост.
Извор:
6yka.com
Фото: Freepik