X
 27.12.2018 Економија

Како Кина за 20 години стана втора економска сила во светот?

Порталот „Вижуал капиталист“ објави видеоматеријал кој помага да се сфати колку брзо и колку далеку стаса кинеската економија во последните 30 години.

Имено, станува збор за симулација на движењето на бруто-домашниот производ (БДП) на десетте најбогати земји во светот од 1960 до 2017 година.

Кина во оваа видеографика тргнува од петтото место, со БДП од 50 милијарди евра, односно една десеттина од БДП-то на Америка, која од почетокот доминира на позиција на најмоќна глобална економија.

Меѓутоа, на почетокот на 21 век, по отворањето кон светскиот пазар, почнува брз подем на кинеската економија, па Кинезите во 2010 година ја престасуваат Јапонија на второто место и грабаат кон првото место.

Тука се и подемот и падот на Јапонија, која во 1969 година се сместува на второто место на листата, каде што освен во раните 70-ти, кога накратко ја престаса Германија, останува сè до 2010 година.

Во 90-тите години се чинеше дека Јапонија би можела да ги симне САД од тронот, но по 2000 година почна нејзиниот пад, па Јапонија на крајот на 2017 година застана на третото место.


Подготвил: Билјана Арсовска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија