Американската медиумска компанија „Ју-ес њуз енд ворлд рипорт“ неодамна ја објави ранг-листата со најдобрите земји за 2021 година. Според резултатите од оваа година, Канада првпат во историјата ја презеде титулата најдобра земја во светот.
Извештајот се објавува секоја година. Минатата година Швајцарија го зазеде првото место, додека Канада беше веднаш зад неа. Земјите се рангирани според широк спектар на категории, вклучувајќи ги деловната агилност, моќта, општествената одговорност на компаниите, положбата на жените, перспективата, расната еднаквост и многу повеќе.
Земајќи сè предвид, најдобри земји во светот оваа година се:
1. Канада
2. Јапонија
3. Германија
4. Швајцарија
5. Австралија
6. САД
7. Нов Зеланд
8. Велика Британија
9. Шведска
10. Холандија
Фото: Freepik
Во продолжение се другите рангирања:
Најмоќни земји во светот
1. САД
2. Кина
3. Русија
Најагилни земји во светот
1. САД
2. Австралија
3. Канада
Најдобри земји за социјални цели
1. Канада
2. Данска
3. Нов Зеланд
Најдобри земји за жени
1. Шведска
2. Данска
3. Норвешка
Најнапредни земји
1. Јужна Кореја
2. Сингапур
3. САД
Земји со најдобра расна еднаквост
1. Холандија
2. Канада
3. Нов Зеланд
Зошто Канада е најдобрата?
Според извештајот,
Канада е земја која има добар пазар на труд, се грижи за човековите права и социјалната правда и не се смета за корумпирана. Исто така, таа доби највисоко признание за образование, квалитетно пензионирање, транспарентност и еколошко, здраво живеење.
Исто така, Канада го зазеде првото место кога станува збор за општествено одговорниот бизнис, второто место за расна еднаквост и шестото место за претприемништвото. Од друга страна, оваа земја не беше меѓу првите десет во категориите: авантуризам, културно влијание, моќ или културно наследство.
Интересни факти за Канада
Трите канадски острови се наоѓаат на списокот со 10. најголеми острови на планетата Земја, а тоа се: островот Бафин, островот Викторија и островот Елесмер.
Земјата има повеќе од 3 милиони езера, од кои две - Грејт Бер и Грејт Слејв се најголеми во светот.
Торонто е најголемата метропола во Канада, со над 6 милиони луѓе. Монтреал, вториот по големина град во Канада, има над 4 милиони жители, а исто така е втор по големина град во светот што има француско говорно подрачје. Првиот, се разбира, е Париз.
Извор:
Usnews.com
Фото: Freepik