X
 27.07.2020 Живот

Ова се земјите што трошат најмногу природни ресурси - каде е Македонија?

Доколку Земјата беше банка, населението би имало земено премногу кредити досега. Човештвото е на добар пат да ги исцрпи ресурсите на планетата

„Оувершутдеј“ е веб-страница која го пресметува датумот кога побарувачката на човештвото за еколошки ресурси и услуги во одредена година го надминува она што може да се регенерира на Земјата таа година. На пример, ако ја потрошите годишната плата до 22 август, вие сте во голема неволја. Остатокот од годината ќе мора да го живеете задолжени. Токму тоа, ние и го правиме на Земјата.



Фото: Freepik

Иако пандемијата ја намали побарувачката оваа година, сепак патот по кој се движиме не е одржлив. Различни делови од светот имаат различни ресурси и ги користат истите со различна брзина. Кои земји користат најмногу ресурси по човек?

Две мали земји, Катар и Луксембург, се на врвот на листата кои трошат најмногу ресурси по човек. Датумот на кој нивните жители ги надминале ресурсите кои може да се регенерираат во земјата се 11 февруари за Катар и 16 февруари за Луксембург.


Фото: overshootday.org

Следуваат Обединети Арапски Емирати (7 март), Кувајт (10 март), САД (14 март), Канада (18 март), Данска (28 март), Австралија (30 март), Шведска (2 април), Финска (5 април), Белгија (5 април), Саудиска Арабија (5 април) итн.

Датумот на кој Македонија ги потрошила сите достапни ресурси за годината е 22 јули.

Земји кои трошат најмалку ресурси по човек се Индонезија (18 декември), Еквадор (14 декември), Ирак (7 декември), Никарагва (5 декември) и Куба (1 декември).

Автор: Саманда Дорџер
Извор: thestreet.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот