Современиот земјоделски инженер со специјализација во дигитално земјоделство игра клучна улога во трансформацијата на македонските земјоделски компании преку усовршувањето на вештините за управување со новите технологии, како ГПС или сензори за прецизно следење на состојбата на почвата и растенијата и слично.
Земјоделството отсекогаш било клучно за опстанокот на човештвото, но во денешниот свет, неговата важност е поголема од кога било. Соочени со предизвици како климатските промени, зголемената популација и потребата за одржливо управување со ресурсите, иднината на нашата планета зависи од иновативни решенија во земјоделството.
Македонското земјоделство претставува еден од најважните сектори во нашата економија, обезбедувајќи храна и работни места за значителен дел од населението. Со традиција долга векови, земјоделството во нашата земја се развива преку примената на нови технологии и методи, но сè уште се соочува со многубројни предизвици кои бараат систематско решавање за постигнување одржлив развој.
Земајќи ги предвид капацитетите за земјоделско производство, овој сектор има потенцијал да го зголеми сегашното учество од приближно 10% од БДП и значително да придонесе кон економскиот раст и развој на земјата. Но, потребни се заеднички и конзистентни напори за меѓусебна соработка на сите инволвирани институции, земјоделци и здруженија за надминување на тековните предизвици.
Со поттикнување тесна соработка меѓу земјоделските стопанства и Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје за развој на иновативни решенија и технологии, како и истражувачки проекти, ќе се придонесе за подобрување на земјоделските практики и зголемување на продуктивноста. Инвестирањето во образование и вештини на младите да се вклучат во земјоделството обезбедува квалитетен стручен кадар кој ќе биде способен да се справи со предизвиците на модерното земјоделство. Освен воведување модерни земјоделски техники и технологии, како што се прецизното земјоделство и дигиталните алатки за мониторинг на земјоделското производство, едни од предизвиците се и обука и едукација на земјоделските производители за користење на новите технологии и иновации.
Со препознавање на предностите од обучен и стручен кадар експоненцијално се зголемуваат можностите за примена и употреба на технологиите, а со оптималните приноси за производство на квалитетна, безбедна и здрава храна се зголемува конкурентноста на меѓународниот пазар.
Новата студиска програма
- Дигитално земјоделство на ФЗНХ - Скопје ги комбинира традиционалните знаења со најновите технолошки и дигитални иновации. Оваа програма е создадена за идните лидери во земјоделскиот сектор, кои ќе применуваат дигитални технологии, автоматизација и големи податоци за да креираат одржливи и ефикасни земјоделски практики.
Факултетот соработува на различни проекти со бизнис-заедницата, со што овозможува студентите за време на студирањето и веднаш по дипломирањето да стекнат пракса или да обезбедат вработување, идните студенти имаат и можност да аплицираат за стипендии преку различни програми и соработки кои ги има склучено ФЗНХ. Запишувајќи се на оваа програма, како студенти ќе бидете дел од иднината која ја креираме заедно и ќе имате можност да изградите кариера која не само што ќе ве исполнува, туку ќе придонесе за заштита и опстанок на нашата планета за идните генерации.
Повеќе детали за уписот на новата студиска програма и сите други насоки на ФЗНХ, можете да најдете на линкот:
http://www.fznh.ukim.edu.mk/mk/upisi.html
(Комерцијална објава)