Образованието во целина во земјава, особено во време на пандемијата на Ковид-19 беше во фокусот на темите на кои најмногу им посветивме внимание минатата недела. Покрај тоа, значителен простор издвоивме за здравството и здравјето, животот на учениците и студентите, родителите, изборот на нова Влада и предлогот за нов министер за образование и наука, нашата богата историја, науката...
Половина месец до почетокот на новата учебна година и половина година живот во корона-амбиент. Два тајминга во рамките на кои сите ние – родители, деца и наставници, како субјекти преку кои функционира воспитно-образовниот систем, опстојуваме како што мораме, како што умееме и, секако, како што сметаме дека треба, рече во својата
колумна професорката Елизабета Секирарска.
Заедно со уште 3.000 родители, етномузикологот Бранка Костиќ-Марковиќ преку петиција даде
поддршка за онлајн-настава во новата 2020/2021 учебна година.
Најстарите археолошки остатоци што укажуваат на човечко присуство на островот потекнуваат од периодот на младото камено време, уште пред 7.000 години! Верувам дека речиси секој во Македонија има барем еднаш слушнато за островот Голем Град во Преспанското Езеро,
напиша археологот Игор Ефтимовски.
Проф. д-р Виктор Стефов
Борјан Ефтимов
Има 36 години, а симпатиите на јавноста ги доби пред две години кога решително застана пред разлутените жители во Тимјаник кои не дозволуваа во нивното село да се отвори Дом за деца со попреченост. Таа сталожено ги уверуваше дека тие никому не се закана, дека треба хумано да ги прифатат. Ги поддржува правата на жените. Породилното отсуство го прекинала и бебето го носела со себе на работа.
Факти за Мила Царовска.
Матичните лекари изминативе денови имаат многу барања од пациенти за специјалистички прегледи откако здравствените власти најавија дека од 1 септември ќе може редовно да се закажуваат прегледи преку „Мој термин“.
Статистиката вели дека корона-кризата во последните шест месеци речиси го преполови бројот на специјалистички прегледи.
Родители на ученици од основно и од средно образование се со многу прашалници откако Министерството за образование и наука соопшти дека наставата ќе се одвива онлајн.
Како ќе изгледа еден училиштен ден?
Додека македонските ученици, родители и наставници чекаат надлежните да одредат точен датум за почеток на новата учебна година,
земјите во регионот веќе утврдиле и датум за старт и официјални правила.