X
 27.09.2021 Живот

Дали сте во есенска депресија? Ова се симптомите

Есента пристигнува со постудено и врнежливо време, а недостигот на сонце може да влијае врз физичката и психолошката состојба на некои луѓе.

Постои есенска депресија која ги погодува овие лица. Станува збор за депресивна состојба која се јавува во есенскиот и зимскиот период, а обично завршува со доаѓањето на пролетта.

Некои од симптомите се депресивно расположение и промена на расположение, умор и губење енергија, проблеми со спиењето, главоболка, анксиозност, нервоза и изразено чувство на песимизам. Доколку имате некој од овие симптоми, може да разговарате со стручно лице или да се обидете да си помогнете на неколку начини.

Квалитетен сон

Експертите препорачуваат спиење најмалку 8 часа, како и одење во кревет пред полноќ. Квалитетниот сон помага во соочувањето со анксиозноста и стресот.


Фото: Pixabay

Дружење со позитивни луѓе

Слободното време поминете го со пријатели кои се позитивни, а личностите што се токсични и ви пренесуваат негативни вибрации треба да ги одбегнувате.

Повеќе дневни активности

Една од главните причини за појавувањето на депресијата е скратувањето на денот, па затоа треба да се обидете да поминувате повеќе време во природа и максимално да го искористите сонцето. Освен тоа, физичката активност исполнува, го намалува стресот и го подобрува расположението.

Правилна исхрана

Правилната и балансирана исхрана која е богата со витамини и минерали особено се препорачува во овој период. Се препорачуваат намирници како банани, јаболка, зелен чај и темно чоколадо.

Извор: Novosti 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот