Депресијата е состојба на менталното здравје што е на широко распространета и се проценува дека е присутна кај повеќе од 120 милиони луѓе. Симптомите со кои е проследена депресијата имаат огромно влијание на квалитетот на животот, а најтешките случаи завршуваат со самоубиство. Причината за оваа состојба е сé уште непозната.
Постојат многу антидепресиви, но голем дел од пациентите не реагираат на нив или тие само делумно ја подобруваат состојбата. Лекарите сега препорачуваат и понова метода – редовна стимулација на мозокот со електромагнетни бранови. Вејн Шарлс е еден од пациентите со дијагностицирана депресија што ја пробал оваа метода и по четири недели длабота транскранијална магнетна стимулација вели дека се чувствува подобро.
„Пред да почнам со овие третмани имав само еден циклус на длабока депресија, што е некарактеристично по толку долг период на депресија да чувствувам вакво олеснување“, вели тој.
Електричната намотка во шлемот емитува рамномерни електромагнетни импулси за да ја стимулираат областа одговорна за оваа состојба. Резултати може да се забележат и во првите 5 дена од терапијата.
„Три до четири дена покасно велат дека сами излегле од депресијата, дека имаат повеќе енергија, дека спијат подобро и може да функционираат и да имаат добри односи со луѓето надвор“, вели Вагди Атија, психијатар.
Оваа метода најверојатно постои уште од 1984 година, но поновите намотки овозможуваат подобро да се насочи енергијата. Терапиите во првите 20-30 дена траат по 20 минути, а потоа се намалуваат на 2-3 пати неделно. Единствен несакан ефект се малите главоболки.
Првиот човек на компанијата Brainsway што ја произведува машината за електромагнетна стимулација вели дека не се знае колку долго би траеле ефектите од терапијата, но ефектите би биле поголеми терапиите да продолжат во следните 3 месеци 2 пати неделно.
Методата во Европа се користи и за лечење деменција, Алцхајмероја и Паркинсонова болест, а дури и за борба против зависност од никотин. Во Америка за сега е оддобрено само лечење на депресија која е отпорна на лекови, а во тек се клинички испитувања и за ублажување на симптоми и на други здравствени проблеми.