Помфритот е еден од омилените оброци на многумина, но консумацијата на пржена храна може да има лошо влијание врз менталното здравје, велат научници.
Истражувачки тим во Хангџоу, Кина, открил дека честото консумирање пржена храна, особено компири, се поврзува со зголемен ризик за анксиозност од 12 отсто и зголемен ризик за депресија од 7 отсто во споредба со луѓето што не јадат пржена храна. Врската помеѓу депресијата и анксиозноста и пржената храна е посилна кај младите, особено кај младите мажи.
Сепак, експертите посочуваат дека станува збор за прелиминарни резултати и дека тоа не значи дека пржената храна предизвикува проблеми со менталното здравје, туку можеби луѓето што имаат депресија и анксиозност често ја консумираат оваа храна за да се чувствуваат подобро.
Фото: Pixabay
Истражувањето проучувало 140.728 луѓе во период од над 11 години. Џу Жанг, истражувач од Универзитетот „Џеџианг“, кој е еден до авторите на истражувањето, изјавил дека нема причина за паника кога станува збор за негативните последици од пржената храна, но здравиот живот и пореткото консумирање таква храна може да помогнат за зачувување на физичкото и менталното здравје.
Во 2020 година случаите на депресија во светот се зголемиле за 27,6 отсто, а случаите на анксиозност за 25,6 отсто. Светската здравствена организација проценува дека над 5 отсто од возрасните во светот страдаат од депресија.
Извор:
Vesti online
Насловна фотографија: Pixabay