Бил Гејтс обично се фокусира на прашања како што се сиромаштијата и заразните болести преку својата хуманитарна фондација, но постои уште еден проблем кој му е на ум. Станува збор за поларизацијата на американската политика.
- Признавам дека политичката поларизација би можела сè да доведе до крај, ќе имаме непостојани избори и граѓанска војна. Немам искуство со тоа. Нема да ги пренасочувам своите пари на тоа бидејќи не би знаел како да ги потрошам - изјавил Гејтс неодамна.
Според него, политичката поларизација оди рака под рака со ширењето дезинформации.
- Поларизацијата и недостигот на доверба се проблем. Една од најпродаваните книги минатата година беше книгата од Роберт Кенеди во која се вели дека сакам да заработувам пари и да убивам милиони луѓе со вакцини. Добро се продава - додал тој.
Гејтс е цел на многубројни теории на заговор и покрај тоа што тој и неговата поранешна сопруга Мелинда Френч Гејтс донирале милијарди за истражување, развој и испорака на вакцини преку нивната фондација.
- Луѓето бараат едноставни решенија, вистината понекогаш е здодевна - изјавил Гејтс.
Тој додал дека генерално е оптимист за иднината, но растечката поларизација во САД, особено во политиката, му го ослабува оптимистичкиот поглед.
Извор:
Bizlife
Насловна фотографија:
Facebook