X
 27.10.2020 Здравје

Во ИЈЗ ќе се прават плус 150 теста за Ковид-19 дневно, а предвидено е да се прават уште 200

За тестирање за Ковид-19 на државна сметка, преку закажување во системот за евиденција „Мој термин“, овој период граѓаните предолго чекаа, време во кое болеста може да се искомплицира

Во Институтот за јавно здравје од денеска, покрај постојното приемно одделение, ќе функционира уште едно одделение за прием, со лаборант и администратор, со што ќе се забрза процедурата за земање тестови за Ковид-19. На овој начин ќе се растовари приемното одделение имајќи предвид дека пациентите што доаѓаат за тестирање ќе бидат распределени на два пункта.

Пунктот работи секој ден од 7:30 до 14 часот за земање брисеви, а од 18 до 20 часот за подигнување на резултатите.

Од Институтот информираат дека со отворањето на новиот пункт ќе се зголеми бројот на тестирања на дневно ниво и е предвидено дневно да се прават до 1.000 теста, што е за околу 150 теста повеќе во споредба со досега. Институтот располага со доволен број тестови за Ковид-19. Епидемиолошката служба ќе биде ангажирана во две смени, а за таа цел ќе бидат креирани и дополнителни термини за тестирање во системот „Мој термин“.

За тестирање за Ковид-19 на државна сметка, преку закажување во системот за евиденција „Мој термин“, во овој период граѓаните предолго чекаа, време во кое може болеста да се искомплицира.

- Инаку, предвидено е да се обезбедат вкупно 350 дополнителни тестови, по 100 на дневно ниво во Центарот за јавно здравје и во лабораторијата во Козле, како и споменатите 150 во Институтот за јавно здравје. Со овие дополнителни тестови значително се зголемува капацитетот на тестирање и ќе може да се постигне дневна бројка и до 2.000 тестирања во јавните здравствени установи - информираат од Министерството за здравство.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје