X
 27.10.2024 Живот

„Стреслексинг“ - Кога релаксацијата станува стресна

Дури и кога се обидуваме да се опуштиме, честопати знаеме да бидеме под стрес со оглед на тоа што низ глава ни поминуваат милион работи.

Стресот и грижата за незавршената работа додека се обидуваме да се опуштиме е контрапродуктивна. Во 2020 година, „Урбан дикшонари“ го воведе терминот „стреслексинг“ (англ. stresslaxing) со објаснува дека опуштањето од стрес е дефинирано како да се биде толку под стрес што релаксирањето прави ад се чувствувате уште под поголем стрес затоа што ен работите на причините за вашиот стрес. За некои луѓе, стресот може да се претвори во маѓепсан круг.

Што е „стреслексинг“?

Станува збор за чувство на стрес затоа што се опуштаме и одмараме и не работиме, со што се чувствуваме стресно.

- Тоа е како да одите на плажа за да се опуштите по напорната недела, но размислувате за работата што допрва треба да ја завршите. Во денешно време многумина од нас ја чувствуваат оваа непријатност поради релаксирањето - објаснува психологот шина Сод.

Стреслексингот се однесува на анксиозноста што ја чувствуваме кога се обидуваме да се опуштиме. Затоа, активностите што мислиме дека ќе нѐ опуштат, како шетање во парк или лежење, всушност нѐ прават нервозни.

Постојат неколку причини зошто додека се обидувате да се опуштите, вие чувствувате стрес.

1. Барања од општеството

Релаксацијата се смета за луксуз, а општеството бара од нас да се опуштиме само кога ќе завршиме со сите наши обврски, вели Сод. Така, станува тешко да се опуштите или дури да се обидете да се опуштите бидејќи обврските се бескрајни. Оваа култура на континуирана продуктивност го отежнува опуштањето на нашиот ум и тело.

2. Согорување

Многумина од нас се опуштаат дури откако ќе сфатат дека сме исцрпени или дека сме погодени од физички стрес.

- Во таква состојба, обидот да се опуштите е невозможно. Се обидуваме да се опоравиме и често се чувствуваме виновни што претходно не сме се грижеле за себе. Така повторно сме под стрес поради овој маѓепсан круг - објаснува Сод. Затоа, залуден е обидот да се опуштиме кога сме ментално исцрпени. Во овие услови, обидот да се опуштите за време на медитација може да го зголеми стресот.

3. Несоница

Честопати, обидот да се опуштиме може да предизвика непроспиени ноќи додека се прашуваме - дали заслужуваме да се опуштиме и дали сме мрзливи. Овој сомнеж во себе силно влијае врз нашиот сон и ни го отежнува одморот. Кога премногу се трудиме да заспиеме, можеме да се чувствуваме под стрес.

Последици од стреслексингот


1. Физичка болест

Ако секогаш сме под стрес поради релаксација, нашето тело никогаш нема да го добие потребниот одмор, а стресот директно влијае на нашето здравје предизвикувајќи физички болести или влошувајќи ги постоечките болести.

2. Несоница


Неможноста да се опуштиме значи дека не можеме да се одмориме и дека сонот ни е компромитиран, што може да доведе до состојба на несоница. Тогаш сме лишени од сон и имаме многу ниска продуктивност.

3. Проблеми со менталното здравје


Отсуството на релаксација и стресот од релаксација е рецепт за ментални здравствени проблеми како анксиозноста и депресијата.

Извор: eklinika.telegraf.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот