За 1.840 долари и вие можете да ги навредите жртвите на холокаустот.
Шпанскиот моден бренд „Лоу“ е цел на критики поради новата колекција што има неверојатна сличност со униформите од концентрационите логори.
Анонимното критичарско дуо Дајет Прада ја критикуваше луксузната компанија на „Инстаграм“, посочувајќи дека панталоните и кошулата со пруги се речиси идентични со униформите што морале да ги носат милиони Евреи во логорите во текот на Втората светска војна.
- Не можеме да видиме ништо освен униформи од концентрационите логори во овој комплет од 1.840 долари, колекција што настојува да ја „фати слободната имагинација“. Но, не остана место за имагинација кога се постигна толку вознемирувачки изглед - напиша Дајет Прада.
„Лоу“ брзо го отстрани производот од својата страница.
- Ни беше кажано дека еден од нашите модели погрешно се толкува како реферирање на еден од најстрашните моменти во историјата на човештвото. Тоа апсолутно не беше нашата намера и им се извинуваме на сите што можеби помислиле дека немаме сочувство кон тие спомени. Облеката е отстранета од нашата
понуда - напишаа од брендот.