Неодманешните истражувања покажуваат дека речиси две третини од светското население е инфициран со вирусот херпес.
Истражувањето заклучува дека речиси 3.7 милијарди луѓе од целиот свет, на возраст меѓу 15 и 50 години се инфицирани со херпес - симплекс 1.
Истражувачите велат дека иако инфекцијата со херпес не е секогаш опасна по живот, меѓутоа растечкиот број на случаи подигнува сериозни грижи за здравјето на луѓето.
Постојат два видови на херпес вирус - орален и генитален; оралниот херпес кој всушност е херпес симплекс 1, обично се појавува на устата или околу пределот на устата кога една личност е инфицирана. Другиот вид на херпес е херпес симплекс 2 кој се појавува на гениталиите.
Неодамнешните истражувања покажуваат дека мислењето дека овие два видови на вирус се изолирани и не се поврзани едни со други е погрешно бидејќи пронајдени се поврзаности меѓу двата видови на херпес. Истражувачите велат дека оралниот херпес може да доведе до формирање на херпес на гениталиите.
„Вирусот може да има значително негативно влијание врз менталното здравје на заразената личност и личните односи. Луѓето со симптоми на херпес на лицето може да имаат социјална стигма и да доживеат психолошко пореметување, како резултат на сето тоа“, велат од СЗо.
Директорката на Одделот за репродуктивно здравје и истражување од СЗО, Марлин Темерман вели: „Пристапот до образованието и информациите за двата видови на херпес и сексуално преносливи инфекции е од клучно значење за да се заштити здравјето на младите луѓе пред да станат сексуално активни. Новите проценки ја потенцираат потребата за подоборување на собирањето на податоци за двата типови на херпес и сексуално пренесливите инфекции во целина“, вели таа.