Во Сирија граѓанската војна трае од 2011 година и нема изгледи дека наскоро ќе заврши. Сепак, Сиријците не губат надеж и се трудат да живеат што е можно понормално во дадената ситуација.
Дел од граѓаните почнаа да го слават Божиќ и изразија желба мирот конечно да дојде и кај нив. Посебно се израдуваа на повлекувањето на американската војска и се надеваат дека ситуацијата ќе биде поволна за нивното население.
Дамаск е украсен со многубројни новогодишни елки и лампиони, а бил организиран и празничен карневал. Луѓето излегоа на улиците облечени како Дедо Мраз или новогодишна елка, се дружеа, се шетаа низ градот, пееја и се сликаа.
Речиси ништо не потсетувало дека во оваа земја и понатаму се одвива
војна, а граѓаните му испратија порака за мир на останатиот дел од светот.