Обично Божиќ се слави со многу храна и пиење, а не со физичка активност. Но, луѓето што живеат на Јужниот Пол имаат уникатна традиција за Божиќ.
Тие трчаат во сите 24 временски зони на овој ден. Мишел Ендо, која цела година работи на Јужниот Пол, е една од оние што ја имаат оваа навика. Таа открива дека активноста се нарекува „Трка околу светот“.
- Станува збор за трка од 5 километри која прави круг околу географскиот Јужен Пол за учесниците да може да трчаат „низ светот“ поминувајќи ги сите 24 временски зони - вели Ендо.
Таа открива и дека некои учесници сериозно се подготвуваат, додека други се облекуваат во интересни костими.
Извор:
Indy100
Насловна фотографија: Pixabay