X
 28.05.2019 Образование

5 карактеристики на добар ПР менаџер

Кариерата во комуникацискиот сектор подразбира динамично деловно опкружување и постојани промени. Добар ПР менаџер поседува способност за брзо прилагодување на промената на условите и развива вештини и карактеристики кои му помагаат да се одржи на врвот во високофлуктуирачка индустрија. Дали си „материјал“ за ПР менаџер?

Ако си едуциран и имаш високи комуникациски вештини, сакаш да градиш кариера во доменот на односи со јавноста и медиумите, ова се петте основни карактеристики кои добар ПР менаџер треба да ги поседува.

1. Јасно изразување

Добар ПР менаџер е одличен писател и говорник, знае како информациите за брендот да ги пласира на различни медиуми и непогрешливо го избира најдобриот начин на кој пораката ќе стигне точно до целната група на која се обраќа. Јасно пишување подразбира и јасно размислување. Јасната мисла е неопходна кај еден добар претставник во односите со јавноста особено кога одговара на прашања на новинарите. Способноста да го промени одговорот, имајќи ја предвид клучната порака која треба да се пренесе, е многу барана и ценета. Секако, не е доволно само добро да се напише соопштението или текстот, туку важно е да се познава и медиумската сцена и да се градат и негуваат добри односи со медиумите.

2. Искреност

ПР-от е често погрешно интерпретиран како „spin“, спинување или извртување. Но, добриот ПР подразбира нагласување на позитивните факти за конкретната ситуација и презентирање на проблемот на компанијата или организацијата во позитивно светло што не значи дека треба да се лаже. Добар ПР менаџер никогаш не лаже, всушност тој дури и му помага на клиентот да ја каже вистината и тогаш кога таа не е толку пријатна.

3. Темелност

Добар ПР менаџер темелно ја завршува својата „домашна задача“ и поседува здрава доза на скептицизам. Тој ги проверува фактите по неколку пати пред да ги изнесе, бидејќи мора да биде сигурен во изворот на информацијата, дури и кога извор е самиот клиент.

4. Креативност

Добар ПР менаџер го поврзува производот, идејата или услугата на клиентот со публиката до која треба да стигне пораката. ПР менаџер кој ја знае вредноста на native advertising е драгоцен за клиентот бидејќи на крајот на денот да се раскаже приказната, и тоа не билокако туку да се раскаже впечатливо и креативно како што никогаш претходно не сте ја слушнале, е она што ќе го издвои клиентот од конкуренцијата. Што значи впечатливо и креативно? За илустрација, во САД пред неколку години стартуваше кампања за собирање средства за реставрација на прекрасна вила во Мериленд која е вистински архитектонски споменик и од непроценлива вредност за историјата. ПР менаџерот решава да не го стави акцентот на архитектонското и историско значење на вилата, ниту на нејзината убавина туку раскажува една човечка приказна која допира до многумина. Во борбата за спас на вилата од уривање учествуваат потомокот на сопственикот на вилата, кој поседувал робови, и потомокот на еден од робовите. И двајцата рамо до рамо се обидуваат да го спасат објектот од заборав, а нивната приказна ја проследиле новинарите на New York Times, кои во текстот ставиле акцент на проблемот со расизмот, а не на архитектурата. Ваквиот ракурс довел до создавање на водечки прилог на два ТВ канали. Приказната го привлече на креативен начин вниманието на јавноста и беше остварена целта – обезбедување на средства за зачувување на вилата.

5. Свесност

За добар ПР менаџер информацијата е валута. Информираноста за светските трендови и актуелните случувања во индустријата во која работи клиентот се од клучно значење. Тоа подразбира познавање на динамиката на социјалните медиуми и нивните импликации. Функцијата на ПР менаџерот е да му помогне на клиентот да разбере како неговиот бизнис се вклопува во поширокиот контекст и да овозможи донесување информирани одлуки длабоко свесен за сите чинители.

Конечно, добар ПР менаџер не се раѓа туку се станува со учење од најдобрите во областа. Аплицирајте на Лондонската школа за односи со јавност во Скопје бидејќи е одлична можност за квалитетна едукација и стекнување меѓународно лиценциран сертификат. Петнеделната програма е дизајнирана да ги запознае учесниците со сите важни сегменти во односите со јавноста и се одржува во Park Hotel & Spa, Скопје секоја сабота од 28.септември до 26.октомври 2019 година. Информации за предавачите и модулите ТУКА.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование