X
 28.05.2019 Живот

Умре последниот машки суматрански носорог во Малезија

Последниот малезиски мажјак од видот суматрански носорози умре, соопштија надлежните, а тоа е голем удар за напорите да се зачува ова загрозено животно од изумирање во оваа земја.

- Носорогот Там имаше 30 години и живееше во резерватот за диви животни на островот Борнео, откако беше фатен во 2008 година - изјави Кристина Лиев, државна министерка за туризам, култура и животна средина.

Главни причини за изумирањето на овој вид се изолацијата, спреченоста да се размножуваат и криволовот, па тој може и да изумре за неколку децении, тврди конзерваторската група „Интернејшнл рајно фаундејшн“.

Лиев додава дека генскиот материјал на умрениот мажјак е сочуван заради натамошни обиди за размножување преку вештачко оплодување.

Извор: МИА
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот