X
 22.10.2015 Здравје

Лековите кои би можеле да бидат заменети со канабис

Никој не знае кога започнал да се користи канабисот, но според записите, тој бил познат и 2000 години п.н.е. Сега, тој има полоша репутација од порано, иако и тоа се менува, со зголемениот број земји кои ја легализираат медицинската употреба на растението.


Секоја година, илјадници луѓе се предозираат со потенцијално отровни лекови. Од друга страна, кабанисот е виновникот за 0 забележани смртни случаи во историјата на човештвото.

Онлајн-библиотеката „Вајли“ објави ново истражување во кое може да се прочита за сите лекови чија замена може да биде канабисот.


Меѓу лековите се наоѓаат алпразолам, кој се користи за анксиозност и во преголеми количини може да предизвика депресија; сертралин за депресија кој предизвикува зависност; риталинот кој се користи за зголемена фокусираност, а може да има последици како вртоглавици и дијареа; золпидемот, кој се користи за проблеми во сонот; хидрокодонот за болка, кој предизвикува неоправдан бес кај пациентите.






Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје