X
 24.10.2019 Живот

Снуп Дог заштитно лице на новиот инкубатор за одгледување канабис

Израелската стартап-компанија „Сидо“, која пред извесно време пушти во продажба уред за одгледување марихуана во домашни услови, соопшти дека познатиот американски рапер Снуп Дог ќе биде амбасадор на нејзиниот бренд.

Снуп, кој и самиот се залага за користење марихуана, ќе промовира мала машина слична на фрижидер која овозможува таа билка да се одгледува каде било. Уредот ги регулира температурата, светлината, јаглеродниот диоксид и минералите, а со помош на апликација се постигнува надзор над растението. Инкубаторот е опремен со сензори и камера и се контролира со алгоритам.

Компанијата „Сидо“ наведува дека таа своевидна „домашна лабораторија“ ќе се продава во Северна Америка и во Европа. Цената е 2.400 долари.

Директорот на компанијата, Зохар Леви, изјави дека на компанијата ѝ е чест поради соработката со Снуп Дог, кој со својата популарност и на интернет ќе придонесе за нејзин растеж.

Израел се смета за лидер во истражувањето канабис за медицинска употреба.

Фирмата има дозвола за производство на канабис од израелското министерство за здравје.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот