X
 28.06.2022 Образование

Студентски проект од ФИНКИ: Генерациски разлики на социјалните мрежи

Факултети.мк ги поддржува студентите и секогаш одвојува простор за нивните приказни, потреби и успеси во земјава и во странство. Во таа насока ја започнуваме и новата рубрика Студентски проекти, во која ќе ги објавуваме трудовите на студентите кои сакаат нивното дело да допре до пошироката јавност. Ги покануваме сите заинтересирани студенти да не контактираат на redakcija@fakulteti.mk.

Ангела Иванова и Катерина Златеска, студентки на ФИНКИ, направија истражување по предметот Медиуми и комуникации на тема „Генерациски разлики на социјалните мрежи“.

- Различни генерации имаат различна мотивација и начин на користење на социјалните мрежи. Токму поради тоа, ова истражување е потребно за да се разберат интересите, однесувањата и разликите што ги дефинираат генерациите родени 1965-1976), Y(родени 1977-1994) , Z(родени 1995-2010). Тоа ќе им помогне на создавачите на социјални мрежи ефективно да ги таргетираат и привлечат идеалните возрасни групи на интернет. Со цел да истражиме кои социјални мрежи се најпопуларни и најкористени и од која генерација, спроведовме анкета. Собравме интересни резултати од анкетата - велат тие.

Одговорите на прашањето кои социјални мрежи корисниците најмногу ги користат покажаа дека најчесто користени и најпопуларни социјални мрежи се Јутјуб (87%), Инстаграм (84,6%) и Фејсбук (81,3%).

Во врска со тоа за што ги користат социјалните мрежи, мнозинството од корисниците, 91,9% се изјасниле дека социјалните мрежи ги користат за комуникација, а 75,6% за следење на вести и актуелни настани. Според останатите одговори, социјалните мрежи се помалку користени за производи за купување (15,4%) и запознавање нови луѓе (18,7%).

-Од сумарните резултати заклучивме дека кај најголем дел од корисниците на социјални мрежи се јавила зависност и често тие се причина да им се одвлече вниманието кога имаат други обврски. Интересен факт е тоа што 72,8% од испитаниците истакнале дека полесно комуницираат со луѓето во живо отколку преку социјални мрежи, иако социјалните мрежи влијаат врз социјализацијата во општеството - заклучуваат студентките.

Во продолжение можете да го прочитате нивниот проект.

Генерациски разлики на социјалните мрежи

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование