X
 25.06.2024 Образование

Студентски проект од ФИНКИ: Слепо согласување: Прескокнување на правила и услови за користење

Јана Ангелоска, Драгана Усовиќ, Ана Чачарска и Андреј Бубевски, студенти на ФИНКИ, го реализираа проектот „Слепо согласување: Прескокнување на правила и услови за користење (Terms and Conditions)“, по предметот Медиуми и комуникации.

Целта на проектот е да го истражи феноменот на прифаќање на овие правила без да се читаат и да ги разбере последиците што можат да произлезат од таквото дејствие. Во дигиталната ера, каде што нашите лични информации, приватност и права се од витално значење, оваа пракса може да има сериозни последици.

Истражувањето покажа дека оваа практика е многу честа, особено кај младите луѓе на возраст од 18 до 24 години. Повеќето испитаници се согласуваат со правилата без да ги разберат целосно, што доведува до потенцијални ризици и проблеми.

Во продолжение може да го видите целото истражување:
Слепо согласување: Прескокнување на Правила и услови за користење

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование