X
 28.07.2021 Живот

Напад на новинар да се третира како напад на службено лице, а новинарите да плаќаат до 400 евра казна за клевета или навреда... Законски измени поминати на Влада

На вчерашната седница Владата го утврдила текстот на предлог-законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела, како и измените и дополнувањата на Законот за заштита на физичките лица во врска со обработката на личните податоци заради цели на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или за извршување кривични санкции, на Законот за Академија на судии и обвинители, Законот за парнична постапка, на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, како и Кривичниот законик.

Со измените и дополнувањата во Кривичниот законик, меѓу другото, се предлагаат членови со кои во иднина нападот врз новинар, снимател или фоторепортер ќе се третира исто како напад врз службено лице.

Со другите измени што се предлагаат како дополнувања на Кривичниот законик се предвидува ново кривично дело „демнење“ за да се обезбеди заштита на жените од сексуално и секакво друго вознемирување преку каналите за комуникација, вклучувајќи и преку интернет.

Со предложените измени на Законот за граѓанска одговорност е предвидено значително намалување на сумата што ќе ја плаќаат новинарите за изгубен спор за клевета или навреда од сега предвидените 2.000 евра на максимални 400 евра.

Фото: Фрипик

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот