X
 28.08.2018 Здравје

Шокантно голем број луѓе веруваат дека некои вакцини предизвикуваат аутизам кај здрави деца

Една од најфрустрирачките погрешни перцепции е митот дека вакцините се ризик за здравјето на децата. Тоа е нешто кое разбеснува многу луѓе бидејќи има директни и долготрајни последици.

Англиското јавно здравство неодамна ги предупреди младите да проверат да не има симптоми на морбили пред да одат на музички фестивал во Есекс. Ова беше одговор на 12-те случаи идентификувани во земјата од јули. Минатата година имаше неверојатно зголемување на бројот на лица заболени од морбили, при што беа погодени 20.000 лица, а 35 ги загубија животите. Во Велика Британија, зголемувањето на бројот често е меѓу младите лица, за кои е помала веројатноста да се имунизирани како деца по појавувањето на теоријата на Ендрју Вејкфилд.

Но, се натрупуваат и нови сомнежи, а користењето на теоријата за поврзаност меѓу аутизмот и вакцините од страна на политичарите, дополнително ја мати водата.

Дали овие неосновани стравови опстануваат кај луѓето ширум светот? Испитување за погрешните перцепции за вакцините, направено во повеќе нации, покажува дека да.

Околу едно од пет лица веруваат дека некои вакцини предизвикуваат аутизам кај здрави деца, а 38 отсто не се сигурни дали тоа е точно или не.

Процентот на луѓе кои веруваат во тоа варира од неверојатни 44 отсто во Индија до осум отсто во Шпанија.

Но, има големи мнозинства во многу земји кои мислат дека е вистина или не се сигурни: во Франција тие бројат 65 отсто, во Британија 55 отсто, во Италија 52 отсто. Дури во земји каде нема некое мнозинство на луѓе кои мислат дека е вистина или не се сигурни, вкупниот број е малку под 50 отсто. Така, во Шведска оние кои мислат дека е така или не се сигурни бројат 49 отсто, а во САД и во Германија, 48 отсто.

Од земјите од регионот, на табелата може да се види Србија, каде 27 отсто од испитаниците рекле дека веруваат во тврдењето дека некои вакцини предизвикуваат аутизам кај здрави деца, 40 отссто не се сигурни, а 34 отсто не веруваат дека тврдењето е точно.

Погледнете ја табелата.

Фото: Science Alert
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје