X
 31.07.2022 Живот

Кога бев студент со д-р Драгана Емел-Маркоска, студентските мемоари на Никола Стојановски, солидарноста по скопскиот земјотрес... Што пишувавме неделава

Андреј Миловановиќ, добитник на „Инженерски прстен“: Знаењето ќе го искористам за модернизација на софтверските системи во Македонија

Моите амбиции на долгорочен план се стекнатото искуство и експертско знаење да ги искористам за целосна дигитализација, како и модернизација на постојните софтверски системи во нашата земја.

Првите спектакуларни снимки од новиот вселенски телескоп „Џејмс Веб“ - нов прозорец кон вселената

Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ (JWST), кој е врвен дострел на технологијата, всушност е наследник на вселенскиот телескоп „Хабл“, кој функционира повеќе од 30 години. Новиот вселенски телескоп, кој чини 10 милијарди долари, е заеднички проект на Американската (НАСА), Европската (ЕСА) и Канадската вселенска агенција. Главната цел на JWST е собирање податоци за најоддалечените објекти во вселената до кои не може да се дојде со другите телескопи.

„Скопскиот земјотрес ми скрши три пршлени, но повеќе ја паметам солидарноста“, вели учителката Маре

Додека бев сместена во болница во Белград, замотана во гипс, не можев да станувам. Едно претпладне сестрата дојде во собата, држеше огледало и ми рече: „Марика, имате посета, еве погледнете од прозорец“. Се вџашив! 30 колеги од училиште дошле да ме посетат, се присетува учителката Маре на кобниот 26 јули 1963

Сретен Главинчески е најдобар по македонски на државната матура, а сака да студира на ФИНКИ

Сретен Главинчески од Струга, кој заврши во гимназијата „Д-р Ибрахим Темо“, е еден од најдобрите на тестот по македонски јазик и литература на државната матура, со освоени 99,99 перцентили. Уште двајца ученици имаа ист број на поени од 10.758 што полагаа македонски јазик и литература, според податоците на Државниот испитен центар.


Кога бев студент со д-р Драгана Емел-Маркоска: „Медицината ме избра мене, а не јас неа“

Во тоа време условите во домовите не беа баш најдобри, меѓутоа, дружбата во нив беше одлична. Да посака човек да живее во дом. Иако живеев во својот дом во Скопје, јас честопати одев таму бидејќи се дружев со другите студенти и тие денови едноставно не се забораваат

24-годишната Ана Јанева е докторанд на ЛМУ и „Хелмхолц“ во Минхен: „Истражувам како да добиеме матични клетки за регенеративна медицина и третман на болести“

Ана Јанева од Скопје на само 24 години е докторанд и ја истражува врската меѓу епигенетиката и матичните клетки на Универзитетот „Лудвиг Максимилијан“ (ЛМУ) и Центарот „Хелмхолц“ во Минхен.

СТУДЕНТСКИ МЕМОАРИ: Никола Стојановски (99) дипломирал медицина во 1952 во Белград - од партизани право на факултет

Никола Стојановски, роден на 8 февруари 1923 во Велешко, е најстариот дипломиран граѓанин што успеавме да го најдеме. Има 99 години, активен член е во Сојузот на борци, јасно се сеќава на студентските денови и прифати да ни ја раскаже својата факултетска приказна.

Осум девојки имаат најдобар резултат по англиски на државната матура. Упорноста, балансирањето и посветеноста се клучни за успех

Оваа година, според податоците добиени од Државниот испитен центар, 8 ученички постигнале одличен успех на државната матура по предметот англиски јазик со 99,97 перцентили. Тоа се Фани Јованова од СОУ „Добри Даскалов“ во Кавадарци, Надица Велјаноска од ОСУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид, Софија Кочовска, Ана Наумоска и Киара Педрони од СУГС „Орце Николов“ во Скопје, Стефанија Смиланска од СОУ „Ванчо Прке“ во Виница, Ана Трифуновска од СУГС „Јосип Броз Тито“ во Скопје и Рада Чоп од СОУ „Јане Сандански“ во Струмица.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот