X
 16.05.2021 Наша тема

Нов концепт за државна матура, за дигиталните учебници, заработка од земјоделски продукти, македонската култура и нејзините великани... Што пишувавме?

Во случај да пропуштивте...

Томислав Османли, писател и новинар: Најкрупната маана на македонската култура е што ги заборава своите великани - Една сериозна културна политика мора да има повеќе слоеви и неколку фокуси, пред сѐ, давање примат на оној на елитната култура, и особено на елитната литература кај што потенцијалите сѐ уште се најголеми. Литературата е, тука за мене не постојат дилеми, епицентарот на градење мериторна култура: национална, историска, интеретничка. Зошто, еве да илустрирам, до денес го славиме Блаже Конески? Зошто сѐ уште, кога ни се потребни, се повикуваме на нашите авторитетни писатели, на Рацин, Шопов, Славко Јаневски, Чинго, Матеја Матевски...? Зошто авторитети бараме исклучиво во нашето книжевно минатото, вели Османли.

Стрипот на денешницава – како таа изгледа низ него и кој ја исцртува? - Сепак, останувам во надеж дека сите ние ќе го дочекаме денот кога сите оние наративи, кои ќе ни го исцртуваат животниот стрип, ќе бидат поинакви и ќе мирисаат на старите, добри времиња кога различностите по сите основи ги доживувавме како истости, затоа што сите по животно образование, по воспитување, по вера и по религија бевме исти, пишува Елизабета Секирарска, професорка во средно училиште.

Мали хидроцентрали – големи еколошки проблеми- Според податоците од невладините организации, досега во земјата се изградени над 90 мали хидроцентрали, а уште дваесетина се градат.

Се подготвува нова концепција за државна матура. Испитите нема да се исти за гимназиите и за стручните училишта - Таа концепција не мора да ја носи Собранието, туку ја усвојува Владата, но пред да стаса до Влада, претходно за неа ќе се дебатира. Ако е во ред, тогаш би можела да се реализира следната година, објаснуваат во Државниот испитен центар.

Милиони може да ни донесе извозот на земјоделски продукти. Знаеме ли да ги заработиме? - Изобилството на сончеви денови ја прави Македонија идеална земја за производство на земјоделски продукти. Сепак, и покрај оваа предност, нашата земја долги години важи за увозно зависна земја, и за увозот на храна и хранливи производи на годишно ниво се одлеваат илјадници евра. Македонија има своја традиција на обработка на земјоделското земјиште и на производство на земјоделски продукти, но упатените потенцираат дека недостига стратегија и добро поставени параметри со кои ќе се овозможи помасовно домашно производство на храна, но и преработки на земјоделските култури со кои ќе се зголеми нивната вредност и трајност.

Советници за поддршка на ученици од НОВА: Родителите треба да ѝ веруваат на својата интуиција дали на детето му е неопходна помош - Како влијае пандемијата врз менталното здравје на учениците и нивните родители?

Колумна на доц. д-р Атанас Кирјаковски: Замките на дигиталната технологија во учењето - За последиците врз здравјето на децата и младите од употребата на дигиталните и електронските медиуми.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема