X
 28.10.2021 Живот

Луѓето најмногу им веруваат на докторите, а најмалку на политичарите, покажува глобална анкета

Луѓето повеќе им веруваат на докторите во последниве години, покажува анализа на „Ипсос“. Во најновиот индекс на доверба на компанијата, докторите се на врвот на листата со лица во кои луѓето имаат најголема доверба. Следуваат научниците и наставниците. Политичарите и министрите се наоѓаат на дното на листата.

Според „Ипсос“, многу професии се на слично ниво во поглед на довербата што луѓето ја имаат во нив пред и по пандемијата, но очигледно е дека довербата во докторите се зголемила во овој период. Мексико е единствената земја каде што довербата во докторите се намалила помеѓу 2019 и 2021, според индексот.

Анкетите за составување на индексот биле спроведени од 23 април до 7 мај годинава. Биле испитани 20.000 возрасни лица од 28 земји. Во продолжение следува листата со професии според довербата од другите.


Фото: Ipsos (Printscreen)

1. Доктори
2. Научници
3. Наставници
4. Воени припадници
5. Обични луѓе
6. Полиција
7. Судии
8. Телевизиски спикери
9. Анкетари
10. Свештени лица
11. Државни службеници
12. Новинари
13. Банкари
14. Бизнис-лидери
15. Огласувачи/маркетинг-специјалисти
16. Владини министри
17. Политичари

Извор: World Economic Forum
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот