X
 07.11.2020 Здравје

Експертите никогаш не ги прават овие работи пред спиење

Квалитетниот сон влијае врз сè - расположението, телесната тежина, имунитетот и многу повеќе. Според анкета спроведена во март, 49% од Американците спијат помалку од препорачаните 7-8 часа, а над половина не спијат квалитетно.

На квалитетот на сонот влијаат активностите што ги имате претходно. Лекарите што се специјалисти во областа советуваат да не ги правите следните работи пред спиење доколку сакате да имате квалитетен сон.

Не гледајте вести

Вечерта изгледа како совршено време да се дознаат најновите информации од земјата и светот, но експертите препорачуваат да се одбегнуваат активности што ни предизвикуваат вознемиреност пред спиењето. За жал, вестите се исполнети со информации што може да предизвикаат загриженост и други несакани емоции и затоа тие може да ни го нарушат сонот на ист начин како хорор-филмовите, вели Раџ Дасгупта, вонреден професор по клиничка медицина.

Не работете во кревет

Поради пандемијата, голем број од луѓето работат од дома. Меѓутоа, треба да се одбегнува работењето од кревет. Доколку работите во кревет, мозокот полека ќе почне психолошки да го смета креветот како место за останување буден наместо за спиење, а тоа може да доведе до несоница, вели Рушир П. Пател, медицински директор на Институт за спиење.


Фото: Pixabay

Не правете физички вежби

Вежбањето наутро или преку ден може да ви помогне да се ослободите од несоницата, но вежбањето навечер може да биде контрапродуктивно. Многу луѓе вежбаат навечер за да се уморат со надеж дека така ќе спијат подобро, но тоа може да доведе до тешкотии во спиењето, вели Стејси Ган, доктор за спиење.

Не започнувајте тешки разговори

Обидете се да ги одбегнете жестоките разговори со најблиските пред спиење. За да имате квалитетен сон, важно е да создадете мирна околина за спиење, вели Дасгупта.

Не консумирајте кофеин

Треба да се одбегнува пиењето кофеински пијалаци по 14 часот. Тука спаѓаат кафето, газираните пијалаци, ледените чаеви и енергетските пијалаци, вели Анупама Рамалингам, доктор за спиење.


Фото: Pixabay

Одбегнувајте го алкохолот

Некои луѓе подобро спијат по чашка алкохол, но експертите не го препорачуваат тоа. Според Ган, заспивањето под дејство на алкохол е побрзо, но алкохолот го нарушува квалитетот на сонот во текот на ноќта.

Не користете електронски уреди

Светлината од електронските уреди му дава знак на мозокот да остане буден, а долгата изложеност на светлина пред спиење нè држи будни подолго време, вели Анита Шелгикар, вонреден професор по неврологија.

Исклучете ги светлата во домот

Изложеноста на силна светлина го потиснува лачењето на мелатонин и создава тешкотии при заспивањето. Вилијам Џ. Хили, професор по медицина, советува да се намали светлината во домот неколку часа пред спиење.

Не поминувајте долго време будни во кревет

Пател вели дека не треба да се останува подолго во кревет отколку што трае спиењето. Дополнителното време поминато во кревет го поттикнува мозокот да мисли дека креветот е место на кое треба да се биде буден наместо само да спие, а тоа може да го намали квалитетот на сонот.

Автор: Келси Борсен
Извор: huffpost.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје