X
 28.10.2023 Економија

Поздрави работници и помало загадување се резултатите од четиридневната работна недела во Шпанија

Постојат многу докази дека намалувањето на стандардната работна недела има поволности и за работниците и за работодавците. Минатата година започнаа тестирања на скратена работна недела од компании и организации во повеќе земји низ светот, меѓу кои Ирска, САД, Австралија и Нов Зеланд.

Во Шпанија, градот Валенсија спроведе тестирање на четиридневна работна недела во април и мај годинава. Во програмата биле вклучени околу 360.000 работници.

Резултатите покажале дека луѓето во програмата сметале дека се поздрави, имале помалку стрес, биле помалку уморни и се чувствувале посреќни и позадоволни за време на тестирањето. Освен тоа, ова довело и до намалување на загадувањето на воздухот поради намалениот број патувања до работното место.

Во слично истражување од 2022 година спроведено во Обединетото Кралство биле добиени слични резултати. Во тестирање од 2019 година на јапонската подружница на „Мајкрософт“ било забележано дека четиридневната работна недела ја зголемувала продуктивноста на вработените. Едноставно кажано, скратената работна недела значи дека работниците завршуваат повеќе работи за помалку време.

Над 90 отсто од работниците што биле вклучени во глобалните тестирања изјавиле дека сакаат да продолжат со четиридневна работна недела. Истовремено, компаниите што биле вклучени во тестирањата забележале зголемување на приходите во тој период.

Извор: World economic forum
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија