Додека многу земји сè уште закрепнуваат од пандемијата и нејзините ефекти, Кина изненадувачки почна со своите нормални активности. И притоа земјата неодамна почна со работа на најголемиот светски фудбалски стадион во градот Гуангжу. Проектот, вреден 1,7 милијарда долари, го води кинеската фудбалска асоцијација „Гуанжу Евергранде“ и се очекува да биде готов до 2022 година.
Обликуван како цветот лотос, поради репутацијата на градот Гуангжу како „цветен град“, новиот
стадион ќе може да прими речиси 100.000 луѓе одеднаш. Во него ќе има многу ВИП-места и ексклузивна ФИФА-област. Проектот е конципиран како дел од планот на земјата да ја зајакне фудбалската инфраструктура и да изгради луксузна платформа за Купот на Азија во 2023 година.
- Стадионот ќе стане нов белег од светска класа, споредлив со Операта во Сиднеј и Бурџ Калифа во Дубаи и важен симбол на кинескиот фудбал во светот.
Изградбата на новиот стадион неодамна почна со официјална церемонија и објавување анимирано видео за тоа како ќе изгледа по завршувањето.
Фото: Instagram