X
 28.12.2021 Наша тема

Хармонија во домот како и во неговата музика: Новогодишната елка на музичарот Никола Мицевски

За украсувањето се задолжени женските, додека јас помагам за потешките, физички работи, ни одговара легендарниот Мицевски на нашето прашање како се подготвува за новогодишните празници

Во овој магичен период многумина уживаат во тоа да му вдахнат празнична енергија и на местото во кое живеат, работат... со малку светилки и неколку украси просторот добива една поинаква димензија. Ние влеговме во домот на Никола Мицевски и заклучивме дека тамошниот амбиент е како и неговата музика, хармоничен и топол. Врвниот композитор и музичар, човекот кој во последната деценија ја збогати нашата музичка сцена оживувајќи ги подзаборавените македонски народни песни во едно ново руво, допадливо за сите генерации, ни откри како се подготвува за новогодишните празници и по што ќе ја памети 2021 година.

- 2021 година ќе се потрудам да ја паметам само по убавите нешта што ми се случија, како професионално така и приватно. Би го издвоил издавањето на „Круг“, композиција која беше поддржана од одлична видеоприказна, со која го најавив албумот „New Era“. Годинава имав уште неколку други успешни композиции и проекти што ги сработив.



Дочекот на 2022 година за него е резервиран во семејниот дом во друштво со неговата сопруга и двете ќерки. Тој вели дека имаа многу планови и идеи за оваа ноќ, многу изненадувања за децата...

Што очекувате од 2022 година?

- Очекувам и посакувам сите да се здрави и живи, среќни и очекувам реализација и промоција на некои започнати проекти, како што се мојот албум, албумот на „Некс тајм“, албумот на Џез Вез итн.
Во семејството Мицевски ги слават христијанските празници, Божик за нив има големо значење, а го одбележуваат во духот на тоа како налагаат религиозните обичаи.


- Пред сѐ, дома со трпеза која е карактеристична за овие празници, дружба со најблиските, подарување подароци. Исто така, одењето в црква е составен дел од фамилијарната традиција.

Го украсуваме целиот дом и тоа трае два-три денa

За крај, тој ни дозволи за миг да влеземе во неговиот семеен дом и да ја погледнеме магичната новогодишна атмосфера.
- За украсувањето се задолжени женските, додека јас помагам за потешките, физички работи. Обично го украсуваме целиот дом и тоа трае два-три денa. Во основа секоја година имаме по нешто ново во украсувањето, но имаме и украси кои се повеќе години стари и се со поголемо сентиментално значење за нас.


Подготвил: Александра Овчарска-Бела

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема