X
 29.01.2023 Живот

Најсмртоносниот земјотрес во историјата на човештвото

Земјотресот уништил подрачје во круг од 840 километри, а се проценува дека 830.000 луѓе го загубиле животот.

На 23 јануари 1556 година, дел од нашата планета бил погоден од земјотрес кој се смета за најсмртоносна елементарна непогода од овој вид во историјата на човештвото. Тоа утро се тресела земјата во покраината Шанси во Кина.

Се проценува дека земјотресот однел 830.000 животи. Во некои места погодени од земјотресот загинале 60 отсто од населението.

Според процените, земјотресот бил со јачина од 8 степени според Рихтеровата скала. Географски фактори влијаеле врз страшните последици од земјотресот. Имено, поголемиот дел од жителите во тој регион живееле во вид пештери кои биле изградени од кревок материјал кој имал земјесто-песочна текстура.

Земјотресот во Шанси се смета за трета најголема непогода во модерната историја.

Извор: Studentski
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот