X
 29.07.2021 Здравје

Дали витаминот Де штити од ковид-19? Еве што велат истражувањата

Дали консумирањето витамин Де може да ве заштити од заразување со ковид-19? Повеќе истражувања покажуваат врска помеѓу нивото на витамин Де и заразувањето со оваа болест.

Најновото истражување на оваа тема е базирано на 26-годишна студија на 59.000 Афроамериканки. Тоа покажува дека жените со ниско ниво на витамин Де имале 69 отсто поголем ризик за зараза од ковид-19. На најголем ризик се изложени оние со ниско ниво на витамин Де и прекумерна тежина, известува „Фаст компани“.


Фото: Pixabay

Според главната авторка на истражувањето, Ивет Козиер, која е професор по епидемиологија на Школата за јавно здравје при Бостонскиот универзитет, речиси секое четврто лице има прениско ниво на витамин Де во крвта.

Сепак, се спроведуваат и други истражувања на темата, а едно спроведено на 449 пациенти со ковид-19 во Велика Британија не покажало врска помеѓу заразата со болеста и нивото на витамин Д. Но други истражувања спроведени во САД и во Европа покажале поврзаност.

Во тек се клинички испитувања кои треба да потврдат дали консумирањето витамин Де може да го намали ризикот за зараза со ковид-19.

Извор: Fast Company
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје