X
 18.01.2023 Живот

Дијагноза, третман и менаџирање на пациенти со анемија

Еден од најчестите здравствени проблеми за кои пациентите доаѓаат на контрола кај нас, матичните лекари, а воедно и најчеста болест на крвта е анемијата. Статистички, една третина од светското население страда од ова заболување.

Што е анемија?

Анемијата е нарушување, односно болест на крвта која се јавува како последица на поголемо губење крв, намалено производство или прекумерно уништување на црвените клетки еритроцитите. Значи, лабораториски преку крвната слика анемија значи пад на нивото на хемоглобин, пад на нивото на еритроцитите, како и на хематокритот и на железото.
Лошата исхрана, односно храна сиромашна со витамини, минерали и железо исто така може да се вброи меѓу причинителите за појава на слабокрвност.
Поради тој пад на хемоглобин, кој е главен транспортер на кислород до ткивата и органите, клетките остануваат без кислород, поради што доаѓа до појава на различни симптоми.

Симптоми и знаци!

Зависно од типот на анемијата, и симптомите се различни и со различен интензитет, но предоминантни симптоми главно се:
Замор, слабост, вртоглавица, главоболка, мачнина, гадење, проблеми со концентрација, односно намалена концентрација, чести промени на расположението, слаб апетит, краток здив и болки во градите, бледа кожа, намалена циркулација, односно студени раце и нозе, забрзана и неправилна работа на срцето, односно присуство на тахикардија, промени на коса, односно паѓање на косата може да се поврзе со анемијата, кршливост на ноктите итн.

Зависно од вредностите на МЦВ, постојат три типа анемии:
1.Микроцитна (МЦВ<80) – железен дефицит, секундарни анемии, таласемија.
2.Нормоцитна (МЦВ= 80-100) – секундарна анемија, хемолитична анемија, апластична анемија.
3.Макроцитна анемија (МЦВ ≥100) – дефицит на Б12, дефицит на фолна киселина, губење крв и др.

Железо дефицитна анемија

Пред да се почне со третман, треба прво да се исклучи секундарна анемија, а исто така и да се докаже механизмот за дефицит на железо. Железо дефицитната анемија е само симптом, а битно е да се докаже патогенетскиот механизам за нејзин настан.
Причини на феродефицитна анемија: хронично крвавење (обилно менструално крвавење, крвавење од гастроинтестинален тракт), нарушена исхрана како и малапсорпција.



Дијагноза и третман!


Дијагнозата се поставува лабораториски со крвна слика каде што одредуваме хемоглобин, број на еритроцити, хамтокрит, МЦВ и железо, како и феритин и трансферин како депоа на железо во телото и клетките.
Кажавме дека со ова завршуваме само дел од работата, потоа продолжуваме да бараме поврзаност на анемијата со други болести и состојби, како и причинителот за истата.
Лекувањето, нормално, како прво препорачуваме измена на начинот на исхрана, храна богата со железо, витамин Б12 и фолна киселина, како и давање железен препарат или суплемент.

Супституцијата на железо најчесто е орална. Препорачани дневни дози се 100-200 мг поделени во 2-4 дози. Очекуваме нормализација на вредностите на хемоглобин и на МЦВ по 2-4 месеци. Супституцијата треба да се продолжи 2 месеци по постигнатиот одговор за да се наполнат резервите на железо.
Пациентите кај кои нема одговор од терапијата се упатуваат на специјалист хематолог.

Како лек на избор од суплементите на железо ги имаме на пазар капсулите ФерриМоре форте наменети за замена на железо кај сидеропенична анемија од различно потекло како при состојби на зголемен губиток на крв (гастроинтестинално крвавење, дивертикулози, тумори на дигестивен тракт, радиотерапија и хемиотерапија), нарушување на ресорпцијата на железо, зголемени потреби за железо (трудници, доилки, спортисти, бегани и вегетаријанци), како и при недоволен внес на железо преку храна.

Содржат железо во вид на липозомален комплекс (липозомално железо), како таков не доаѓа во директен контакт со слузницата на дигестивниот тракт и преку оваа иновативна технологија обезбедува подобра биорасположливост и добра гастроинтестинална подносливост без гастрични тегоби во вид на мачнина и констипација и без метален вкус на устата.

Препаратот содржи железо (железо III пирофосфат 30 mg) и витамин Ц 60 mg, значи нема потреба дополнително земање на друга таблета на витамин Ц. Железото придонесува за нормално формирање на црвени крвни клетки и хемоглобин и за нормална когнитивна функција, а витаминот Ц ја зголемува апсорпцијата на железо. Заедно придонесуваат за нормална функција на имунолошкиот систем, а со тоа и намалување на чувството на замор и исцрпеност.
Се администрира орално еднаш дневно со доволен внес на вода, одличен препарат со добра цена, во пакување има 30 таблети потребно за месечна терапија.

Автор: Д-р Емир Ќамили

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот