X
 05.01.2017 Живот

Карл Густав Јунг: Не задржувај го она што заминува од тебе, бидејќи нема да дојде она што доаѓа кон тебе

Карл Густав Јунг е позитивен психолог и филозоф. Во било која нервоза и депресија, тој пронаоѓал импулс за ширење на свеста. Ова се неговите најдобри цитати кои ќе ви помогнат да се разберете и сфатите себеси онакви какви што навистина сте.

- Не го задржувај она што заминува од тебе, бидејќи нема да дојде она што доаѓа кон тебе.

- Ако човек не сфаќа друга личност, тогаш тој тежнее да ја смета за будала.

- Најтешкиот товар кој лежи на детските рамена - непроживеаниот живот на нивните родители.

- Твојата визија ќе стане јасна тогаш кога ќе го погледнеш своето срце. Оној кој го гледа од надвор, гледа само соништа, а оној кој гледа во себе, се буди.

- Осаменоста не се отсликува со отсуството на луѓе околу тебе, туку со неможноста да се разговара со луѓето за тоа што е значајно за тебе или неприфаќањето на твоите уверувања.

- Депресијата е како дама во црно. Ако дошла кај тебе - не ја бркај. Викни ја на маса, како гостин и слушни што таа има да ти каже.

jung
Фото: Screenshot/YouTube

- Ако си талентиран човек, тоа не значи дека нешто си добил. Тоа значи дека можеш нешто да дадеш.

- Она на кое се спротиставуваш - опстанува.

- Осудата не ослободува, туку гуши.

- Твојот поглед ќе стана јасен само тогаш кога ќе можеш да погледнеш во сопствената душа.

- Јас не сум она што ми се случи, јас сум она што одлучив да бидам.

- Можеме да мислиме дека целосно се контролираме себеси. Но, пријателите лесно ќе го кажат за нас она што не го гледаме.

- Тажна е вистината дека човечкиот живот се состои од збир на непомирливи спротивности - ден и ноќ, раѓање и смрт, среќа и несреќа, добро и зло. Ние, не сме ни сигурни дека една ќе надвладее над другата, дека доброто ќе го совлада злото, а радоста ќе ја уништи тагата.

- Нашата личност е дел од светот кој не' опкружува и неговата тајна е неограничена.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот