Од Швајцарија до Сингапур, полицијата, пожарната и брзата помош ги претставуваат своите алатки и тела за да учествуваат во нов предизвик: #Tetrischallenge
Ако отсекогаш сте сакале да знаете што содржи едно сообраќајно патролно возило, сега имате можност. На 1 септември полицискиот оддел на швајцарскиот кантон предизвика љубопитност објавувајќи слика од двајца полицајци, шест сообраќајни конуси, метла, два рачни пиштола и десетици други парчиња на уредна полициска опрема на нивната фејсбук-страница.
Фотографијата доби многу лајкови на „Фејсбук“.
Набрзо и другите оддели за итна помош направиле иста
фотографија во она што стана познато како „Тетрис предизвик“.